Преку кинеската мрежа Weibo, Qualcomm најави настан којшто ќе го одржи на 20 мај на кој треба да биде претставен нов мобилен чип од компанијата.
Со оглед на тоа дека е рано за претставување на Snapdragon 8 Gen 2, тоа што може да се очекува е стандардното претставување на „освежена“ верзија од главниот чип, односно Snapdragon 8 Gen 1+. Овие верзии од чиповите обично донесуваат одредени помали подобрувања, но се доволни за да корисниците кои ќе купат смартфони претставени во овој период од годината да добијат нешто подобри перформанси.
Како поголема промена кај можниот Snapdragon 8 Gen 1+ e неофицијалната најава дека Qualcomm ќе се префрли кај TMSC за производство на чиповите, нешто што сега се прави во соработка со Samsung.
Според одредени информации, дури и чиповите од Qualcomm се соочуваат со одредени проблеми, па процесот на производство кој се користи од страна на TMSC се очекува дека ќе ги реши, па корисниците кои ќе имаат уред со Snapdragon 8 Gen 1+ може да очекуваат нешто поголемо подобрување од тоа што е само на хартија.
Покрај можното претставување на Snapdragon 8 Gen 1+, на овој настан можно е да го видиме и првиот чип од пониските класи со новиот стил на именување од страна на компанија, односно можно е претставување на Snapdragon 7 Gen 1.
Очекувањата се дека новите чипови кои ќе бидат претставени ќе биде најавено дека веднаш ќе претстават уреди Lenovo, Motorola, OnePlus и Xiaomi, поради што и најавата за настанот се случува преку кинеската друштвена мрежа.