Фото: Shutterstock.com

На една недела пред претставувањето на наредната генерација од Snapdragon чиповите за мобилните, Qualcomm најави промени во презентирањето и рекламирањето на брендот. Snapdragon брендот ќе продолжи да функционира повеќе независно, односно од компанијата сакаат да му дадат посебно значење.

Ова секако не значи издвојување на Snapdragon во посебна компанија или нешто слично, само давање шанса на брендот независно и сам да дојде до израз. Тоа значи дека производите од сега, па натаму, ќе го носат во главно брендот Snapdragon, а компанијата зад брендот, Qualcomm, ќе биде истакнувана само во ситуациите каде тоа е соодветно и потребно.

Промената за првпат ќе ја видиме со претставувањето на наредната генерација од Snapdragon чипот која треба да се случи на 30ти ноември. Кај овој чип веќе нема да ја гледаме ознаката Qualcomm Snapdragon, па ќе остане само Snapdragon брендот, со ознака на чипот.

Со промената на брендирањето на чиповите ќе дојде и промена во нивното означување, односно веќе нема да бидат означувани со три бројки. Тоа значи дека наредниот Snapdragon чип, нема да го носи очекуваното име Snapdragon 898, а како ќе биде означен ќе дознаеме кога ќе биде претставен.

Во оваа фаза се што најавија од Qualcomm е дека чипот ќе го носи само бројот на својата серија, на пример 8 и посебно ќе биде ставена бројката на генерацијата. Ова дефинитивно ќе го поедностави разбирањето на чиповите, односно бројката која ја носи ќе ја означува и категоријата, а генерацијата посебно ќе означува за која година се работи.

Дополнително, сите нови Snapdragon чипови ќе доаѓаат со вградена 5G поддршка, па оваа функција веќе нема да биде посебно истакнувана. Корисниците ќе треба да знаат дека се што е претставено од крајот на оваа година, па натаму, подразбира дека има поддршка за 5G.

Со поголемото истакнување на Snapdragon брендот, од компанијата најавија и нови бои, односно Midnight, Gunmetal, Nickel, Snapdragon Red и Gold.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Qualcomm
Претходна статијаЗапочнуваат Black Friday понудите во Смартус
Следна статијаDuckDuckGo на Android ќе ве штити од апликациите кои ја следат вашата активност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.