Qualcomm го претстави наследникот на нивниот чип наменет за средната, односно средно високата класа на уреди. Ланскиот модел беше претставен во мај, заедно со Snapdragon 8+ Gen 1, но интересно беше што доста мал број на уреди го користеа.

Новиот Snapdragon 7+ Gen 2 доаѓа со доволно подобрувања да може многу лесно да ги насочи корисниците кон средната и средно високата класа на смартфони, па да не мора секогаш да се купуваат тие од највисоката.

Подобрувањата кај новиот чип се доволно големи да може да се препорача надградба на смартфон купен минатата година. Од Qualcomm истакнуваат 50% подобрување на перформансите кај процесорот, а ова подобрување кај графичкиот процес е дури дупло. Ефикасноста на чипот, односно заштедата на енергија има подобрување од 13% од ланскиот модел, што кога ќе се земат подобрувањата на перформансите, ова е одличен процент.

Корисниците на телефони кои ќе работат на Snapdragon 7+ Gen 2 можат да очекуваат многу подобро корисничко искуство кога се во прашање игрите. Од компанијата најавуваат функции како Variable Rate Shading (VRS), а тука е и aptX технологијата за звук која донесува „lossless“ квалитет.

Големо подобрување може да се очекува и кај квалитетот на сликите кои ќе може да се вадат со помош на Snapdragon 7+ Gen 2. Qualcomm најавува големо подобрување на сликите во услови на слаба осветленост, преку можност за правење на 30 слики и нивна комбинација за најдобар резултат.

Дополнително уредите со овој чип ќе можат да „соберат“ повеќе од 4000 пати повеќе податоци кај сликите со што ќе се овозможи големо подобрување кај HDR ефектот, а поддршката е зголемена за слики до 200 мегапиксели.

Делот од чипот за вештачка интелигенција добива дупло подобрување на перформансите во споредба со ланскиот модел, а тука е и новиот 5G чип, Snapdragon X62 5G.

Нема точни информации дали почесто ќе се користи овој чип годинава, а од компанијата најавуваат дека првите уреди ќе ги видиме до крајот на овој месец, а производителите кои се споменуваат се Redmi и Realme.

ИЗВОРQualcomm
Претходна статијаЌе се подобруваат капацитетите на нови десет општини преку програмата „Зајакнување на општинските совети“
Следна статијаНеофицијални слики од Sony WF-1000XM5 слушалките ни покажуваат промена на дизајнот и формата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.