Фото: The Walkman Blog

Sony ги има едни од најдобрите безжични слушалки, од тие кои се поставуваат во ушите, на пазарот. Нивните WF-1000XM4 слушалки од пред две години, овозможуваат одличен квалитет на звукот, со ретко добра функција за придушување на бучавата од околината.

Неофицијални слики објавени од The Walkman Blog, откриваат што може да се очекува од наредната генерација од овие слушалки. Иако од слики не може да се открие ништо за перформансите и карактеристиките, сепак од тоа што може да се види, дознаваме доволно.

Тоа што е главно како информација од овие слики е промената на формата на слушалките, а со тоа промена и во изгледот. Ова е нешто што треба да придонесе кон подобро сместување во увото, со што би се зголемил и квалитетот на звукот, а уште поважно и успешното функционирање на „noise canceling“.

Промена мала има и во изгледот на кутијата за чување и полнење на слушалките, сега истата е повеќе заоблена, а според информациите, истата треба да има поголема батерија, што ќе овозможи доста поголема независност.

Не е познато кога можеме да ги очекуваме новите слушалки од Sony, па останува да ги следиме неофицијалните информации за да дознаеме нешто повеќе.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2The Walkman Blog
Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 7+ Gen 2 со големи подобрувања кај процесорот, графиката и можноста за квалитетни слики
Следна статијаMozilla ќе го интегрира Firefox Relay во Firefox прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.