Телефонот е дизајниран и направен од лондонската компанија OwnPhone која што им е позната на тамошните корисници по нестандардните телефони кој што ги продаваат. OwnPhone мобилните телефони користат 3D испечатени делови кои што значително го намалуваат трошокот за нивно производство. Исто така телефоните направени од оваа компанија се наменети за постарите лица, за децата и слично, односно тие не произведуваат класични мобилни телефони кои што би ги користел обичниот корисник.
Најновиот телефон од OwnPhone е наменет за слепите лица преку вградување на делови на екранот кои што се напишани со Брајовото писмо. Корисниците може да изберат до 4 контакти кои што ќе бидат поставени на екранот и со тоа едноставно и брзо да може да ги побараат. За тие кои што не се обучени да го читаат Брајовото писмо, OwnPhone нуди можност за поставување на истакнат текст. Овие делови се печатат користејќи 3D принтер, па корисниците при нарачката имаат можност да изберат како сакаат да им биде направен уредот.
Овој телефон ќе се продава во Британија по цена од 60 фунти со дополнителна претплата зависно од вклучените минути за разговор.
Извор: Engadget