Денеска на главната страна на Google можете да играте со рубиковата коцка, која што е поставена во чест на нејзиното претставување пред 40 години. Рубиковата коцка е измислена од страна на унгарскиот скулптор и професор по архитектура Erno Rubik во далечната 1974 година. На почетокот била наречена Magic Cube, по што во 80-десетите го добива денешното име и почнува да се користи низ целиот свет. Решавањето на рубиковата коцка е невозможно за многу луѓе, посебно во времето на нејзиното измислување кога луѓето немале пристап до Google, односно до интернетот, каде што денес може да се најдат голем број на информации и помош за нејзино решавање.
Рубиковата коцка може да се каже дека е измислена случајно, односно нејзината намена била друга. Erno Rubik ја направил со цел да ги научи неговите студенти во областа на архитектурата, односно за решавање на структуралниот проблем на движење на деловите без целиот систем да се растури. Кога ја растурил коцката за време на покажувањето и пробал повторно да ја врати во првобитната положба видел дека создал загатка, односно сложувалка.
Рубиковата коцка можете да пробате да ја составите на главната страна на Google, односно преку следниот линк.