По неколкуте шпекулации, Microsoft официјално информира дека веќе нема да го користи Nokia брендот во новите паметни телефони и истиот ќе биде заменет со Microsoft Lumia. Најавата на нов телефон кој што ќе го носи новиот бренд не беше точно закажана, односно беше истакнато дека тоа ќе се случи наскоро.
Во меѓувреме ги видовме неофицијалните слики кои што се појавија на кинескиот Weibo за кои што се верува дека се од првиот Microsoft Lumia телефон. Покрај сликите, од кои што и не може да се види многу, други информации за тоа кои карактеристики треба да ги вклучува уредот не беа објавени. Сепак се верува дека уредот ќе биде од средно ниската класа и ќе доаѓа со 5 инчен екран со пониска qHD резолуција и 1,2 GHz процесор.
Каков ќе биде овој уред и дали Microsoft ќе претстави и друг уред од повисоката класа ќе дознаеме идната недела во вторник, односно на 11 Ноември. Од компанијата тој ден официјално го најавија како ден кога ќе може да видиме нешто повеќе од Lumia. Се разбира повеќе информации нема, па останува да го следиме официјалното претставување.
Дали мислите дека Microsoft ќе го задржи или подобри стилот и познатиот квалитет кои што беа карактеристика за Nokia уредите ?
Извор: Nokia Conversations, Engadget, Windows Central