После повеќе неофицијални информации за што може да се очекува од iPhone 15 Pro, сега ги имаме и првите слики кои се генерирани врз основа на добиени CAD датотеки. Овие датотеки обично Apple им ги испраќа порано на производителите на заштитни маски и футроли, па наводно 9to5Mac ги имаат добиено овие датотеки и изработено заедно со дизајнерот Ian Zelbo.

Од сликите може да се види тоа што досега го читавме од неофицијалните информации. Главната новина ќе биде поголемата заобленост на рамката, како на четирите страни од телефонот, така и кон задната и предната страна. Со тоа iPhone 15 би требало да биде нешто поудобен за држење, но сепак промената не се очекува дека драстично ќе го промени изгледот на уредите.

Може да се забележи и промената на Lightning приклучокот со USB-C, но од ваквите слики тоа сепак не може да биде баш сигурно, иако сите информации одат во правец на тоа дека Apple ќе го користи овој приклучок. Од компанијата и мораат да ја направат оваа промена, барем во Европа, но нема логика дека промената поради тоа нема да ја направат во целиот свет.

Според информациите, од компанијата планираат да го ограничат и овој приклучок, па повторно ќе можат да сертифицираат одредени додатоци кои се направени според нивните спецификации, а и да зимаат процент од продажбата.

Од сликите дополнително се гледа и можноста Apple да го промени стилот на копчињата, па тие да функционираат на допир, а не да се притискаат. Промена се гледа и во дизајнот на копчето за исклучување на известувањата.

Тоа што привлекува поголемо внимание е прилично големото намалување на рамката околу екранот, па заедно со заоблените страни, навидум малата промена кај iPhone 15, ќе биде доста голема на крај.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаMeta воведе можност за испраќање на еднонасочни пораки до следбениците на креаторите на Instagram
Следна статијаFirefox доби поддршка за прилагодување на бојата на иконите кај Android 13
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.