Фото: Shutterstock.com

Оваа година со iPhone 15 серијата е годината кога Apple конечно ќе го прифати USB-C приклучокот за нивните телефони, приклучок кој веќе одреден период го користи кај iPad и MacBook уредите.

Причината за ова е позната, а таа е одлуката на Европската Унија со која Apple се приморани да го користат овој приклучок. Причината зошто одбиваат се гледа во желбата на компанијата да вади процент од продадените додатоци за овој нивни приклучок, а исто така да го контролира и квалитетот.

Според неофицијални информации, Apple планираат да ја продолжат оваа практика преку вградување на чип кој ќе прави контрола на размената на информации, кратко кажано, помеѓу телефонот и другите уреди.

Ова значи дека Apple повторно ќе може да овозможи сертифицирање на уреди, како на пример полначи, кабли и слично, за кои ќе бидат овозможени сите функции, односно целосната брзина на трансфер на податоци, брзина на полнење и други.

Како и досега, корисниците ќе бидат мотивирани да купуваат официјални додатоци за нивниот iPhone, а Apple ќе може да продолжи да зима процент од продажбата на овие уреди.

Треба да се нагласи, сепак, дека покрај процентот, Apple има поголема контрола на квалитетот на уредите кои се користат, а со тоа и на векот на траење на батеријата, на пример.

Информациите уште од претходно најавуваат дека иако целата iPhone 15 серија ќе го користи USB-C приклучокот, кај основните модели брзината на пренос ќе биде ограничена на USB 2.0 стандардот, додека само Pro моделите ќе го користат најновиот стандард.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle работи на понапредна верзија од „слика во слика“ функцијата
Следна статија1Password воведува најавување на апликацијата без користење лозинка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.