Samsung Unpacked ова лето ќе се одржи во Сеул, наместо како претходните години во Лондон или Њујорк, на пример. Исто така, како што прво беше неофицијално најавено, настанот ќе се одржи нешто порано од претходните години, па наместо на почетокот од август, Unpacked оваа година ќе го гледаме при крајот на јули.
Оваа информација официјално ја потврдија од компанијата, но се’ уште не ја објавија точната дата.
Како што обично е случајот, доволно блиску до претставувањето на некоја производ овозможува и да излезе по некоја официјална слика, како на пример слика која се користи во промотивните кампањи.
MySmartPrice ексклузивно објавуваат една таква слика и истата ни го прикажува новиот Galaxy Z Fold5. Со оглед на тоа што се работи за една слика, не можеме многу да дознаеме од истата, но има една работа која изгледа дека ги потврдува гласините поврзани со механизмот за преклопување.
Според гласините, Samsung ќе почне да користи механизам кој најчесто се нарекува „солза“ механизам поради формата која ја добива екранот во делот каде се превиткува. Овој вид на механизам овозможува да не се прави толку очигледна линија на делот на превиткување, а исто така овозможува и целосно затворање на уредот, нешто што досега оставаше мал простор, а со тоа и подебел уред.
Нема уште многу време до одржување на Unpacked настанот, па ќе видиме што се имаат подготвено од Samsung да конкурираат на пазарот кој тие го „држат“, но полека добива посериозна конкуренција.