Една од помалите новини која беше дел од новиот Windows 11 пред две години е Chat функцијата која во долната лента на системот ја интегрираше бесплатната верзија од Microsoft Teams. Со притискање на иконата се отвора помал и посебно прилагоден кориснички интерфејс преку кој корисниците можат брзо и лесно да ги видат нивните разговори, да започнат нови, да започнат видео повици и слично.

Сепак, Microsoft Teams генерално не може да се каже дека ја има саканата популарност кај приватните корисници. Апликациите како Messenger, WhatsApp, Viber, Discord, па дури и Skype се доста повеќе популарни, па Microsoft Teams останува одлична алатка за бизнис корисниците во главно.

Поради ова не изненадува одлуката на Microsoft да ја тргне Chat функцијата и истата да ја замени со икона која е само кратенка до бесплатната верзија од Teams, односно кратенка како и било која друга апликација која може да се прикачи на долната лента.

Оваа новина е пуштена во најновата „dev“ верзија од Windows 11, поточно верзијата 23481, па за сите корисници, односно во стандардната верзија од системот може да се очекува изгледа во есен.

Корисниците оваа икона можат едноставно да ја тргнат како што тоа е можно за било која апликација на лентата, со десен клик и притискање на „unpin“ можноста.

Chat функцијата исто така можеше да се исклучи, но тоа се правеше преку Settings апликацијата, нешто што доста корисници не беа запознаени дека е достапно.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаДиректни пораки на Twitter ќе може да се испраќаат само на корисниците кои ве следат
Следна статијаПрвата неофицијална слика од Galaxy Z Fold5 ни го прикажува изгледот на овој уред кој треба да биде претставен идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.