Конечно гледаме нов телефон со брендот на порано еден од најдобрите производители, HTC, но не како што повеќето би се надевале. Од компанијата која веќе одамна не успева да направи уред којшто ќе им конкурира на останатите, решија да го лиценцираат својот бренд и резултатот на тоа е нов уред од кинеска компанија за индискиот пазар.

Новиот уред го носи познатиот бренд Wildfire, а претставен е уредот HTC Wildfire X. Овој уред според најавите нема да се продава надвор од индискиот пазар, а секако тука се мобиларите кои некогаш овозможуваат уреди кои не се официјално достапни на нашиот пазар, но само доколку очекуваат добра продажба, секако.

HTC Wildfire X e телефон со 6,22 инчен FHD+ LCD екран кој на горната страна има исечок, но според мене од типот коишто не пречат, односно само во средината и во форма на солза, како што ги нарекуваат.

Работи на Helio P22 од MediaTek и нуди избор на 3 и 4GB RAM меморија, како и 32 и 128GB простор за податоци. Батеријата на уредот е со капацитет од 3.300 mAh, а исто така им и тројна камера на задната страна со 12, 8 и 5 мегапиксели.

Овој уред ќе се продава по цена од 140 до 180 долари, па кога на тоа ќе се додаде информацијата дека не е произведен од HTC, дефинитивно доаѓаме до заклучокот дека ова не е враќањето на HTC кое би го посакале.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFacebook ги поедноставува групите со нивно означување само како јавни или приватни
Следна статијаApple ќе почне да ја користи додавката „Pro“ во новата генерација на iPhone која треба да биде претставена во септември?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.