Во мај за време на F8 конференцијата, од Facebook го најавија новиот изглед на мрежата којшто треба да биде достапен за сите до крајот на годината, новиот изглед на апликациите, како и достапност на нови десктоп апликации.

Покрај овие новини, од компанијата најавија дека тие постепено ќе го зголемуваат акцентот на мрежата на групите, наместо на листата со новости од останатите извори. Ова може слободно да се каже дека е логичен потег на Facebook, со оглед на фактот што корисниците се повеќе ја користат Instagram мрежата за слики, па Facebook има поголеми шанси да опстои ако се насочи кон конкретните интереси на корисниците.

Во тој правец од компанијата најавија промени кај Facebook групите кои ќе овозможат поедноставување на нивната приватност, односно прилагодувањата за приватност.

Досега групите може да бидат јавни, затворени или тајни, па сигурно повеќето ќе се сложат дека иако со кратко читање на нивното објаснување не е нешто сложено, сепак на прв поглед остава посложен впечаток.

Сега групите ќе бидат едноставно јавни или приватни. Јавните како и досега ќе овозможуваат секој да може да ги види објавите во нив, нивните членови, како и ќе може да ги најде со пребарување.

Новината е што затворените и тајните групи сега стануваат едноставно приватни. Приватните групи ќе им овозможат само на членовите да ги видат објавите и членовите.

Дали ќе можат да бидат пребарани овие групи ќе зависи од тоа дали администраторот ќе избере тие да бидат видливи или сокриени, а тоа ќе биде едноставно прилагодување достапно кај приватните групи.

За ова досега мораше да се избере различен вид на група, односно затворена или тајна, па сигурно овој начин ќе овозможи малку поголема и очигледна јасност за видот на групите.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаHuawei веќе започнува со истражување за наредната, шеста генерација (6G) на безжични мрежи
Следна статијаПретставен HTC Wildfire X за индискиот пазар со брендот лиценциран на кинеска компанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.