По претставувањето на Galaxy Note10 од страна на Samsung, а претставувањето на Pixel од Google е дури во октомври, сега вниманието се насочува кон новите iPhone модели од Apple кои стандардно ги претставува во септември.

За оваа година не се очекува нешто посебно ново од Apple, но не е чудо и да изненадат, меѓутоа според неофицијалните информации, повторно ќе видиме одредена надградба на ланските уреди кои „повторно ќе бидат најдобрите iPhone телефони некогаш претставени“.

По почетокот на користење на X во името од телефоните, што иако повеќето го викаат iPhone „икс“, а се работи за iPhone „тен“, минатата година Apple ја додаде буквата S и R во имињата, што предизвика и одредени шеги на сметка на тоа како ќе се викаат наредните телефони.

Според „CoinX“, таканаречениот „протекувач“ на информации кои досега има погодено се што има објавено, Apple ќе почне да ја користи додавката Pro кај телефоните кои ќе ги претстави сега во септември.

Претставувањето на телефон со името iPhone Pro сигурно ќе биде поедноставување на именувањето и точно насочување кон одреден публика.

Сепак, доколку добиеме iPhone 11 Max Pro или нешто слично, тогаш гледаме во тотално „уништување“ на iPhone, барем од аспект на неговото име.

Најавата за додавање на Pro кај своите уреди укажува и на тоа дека Apple може ќе сака да ја заокружи серијата на производи со овој додаток наменети за професионалците, со што ќе значи и дека iPhone ќе добие одредени нови функции на сметка на тоа.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаПретставен HTC Wildfire X за индискиот пазар со брендот лиценциран на кинеска компанија
Следна статијаHuawei P30 Pro е „Смартфон на годината” според EISA
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.