oppo-r9-r9-plus-render

Кинескиот производител ги претстави своите два модели од средно-високата класа, кои се веројатно првите во светот со подобра или барем подеднакво добра предна отколку задна камера и се директно насочени кон селфи ентузијастите.

Одлуката на Oppo искрено воопшто не ме чуди – поголемиот процент на фотографии на социјалните мрежи се селфија. Ваквиот чекор сигурно нема да направи ништо за да се намали тој тип на фотографии, но барем ќе направи да изгледаат поубаво.

OPPO-R9-and-R9-Plus

Имено и кај двата телефони предната камера има 16 MP со леќа со f2.0 бленда, додека задната кај R9 има сензор со 13 MP и f2.2 бленда, што значи дека барем на хартија, предната треба да е за класа подобра, а кај R9 Plus задната има 16 мегапиксели и тоа со сензор на Sony.

Останатите спецификации кај двата модели се различни – обичниот R9 има 5,5 инчен AMOLED дисплеј со Full HD резолуција, MediaTek Helio P10 чип со четири јадра на 2.0 GHz и четири на 1.0 GHz, 4 GB рам и 64 GB простор за складирање податоци со можност за зголемување преку micro SD.

R9 Plus има 6 инчен AMOLED дисплеј со Full HD резолуција, Snapdragon 652 чип со четири јадра на 1,8 GHz и четири на 1,2 GHz, 4 GB рам и 64 GB простор за складирање податоци, исто така со слот за micro SD.

gsmarena_002

Поголемиот модел има и поголема батерија, поточно огромни 4.120 mAh, додека помалиот има 2.850 mAh. И двата модели ги карактеризира модерен „ала iPhone“ дизајн со тенко куќиште (6,6 mm кај R9, 7,4 mm кај R9 Plus) и мала рамка околу екранот, која придонесува димензиите да не се толку големи колку што најавува големината на екраните, а телефоните имаат и читач за отпечатоци на прстите вграден во предното копче.

Oppo R9 и R9 Plus треба да бидат достапни веднаш во Кина, со цена пониска од 500 долари и за двата модели, што можеби не е евтино, но за оние кои сакаат максимално квалитетни селфи фотографии, не ми текнува на подобар избор во моментов.

За жал и двата телефони доаѓаат со вграден Android Lollipop 5.1, во време кога наскоро треба да биде достапен две генерации поновиот Android N.

gsmarena_005

Извор: Android Central, GSMArena, FoneАrena

Претходна статијаВреме е за стартап – дел 2
Следна статијаRazer Core куќиштето за дополнителна графика на лаптопите достапно по цена од 499 долари