Корисниците на познатиот кинески бренд OnePlus кои ќе купат некои од нивните телефони идната година ќе добиваат подолга поддршка од досега. Моменталната политика на компанијата е на ниво на таа од Google, па корисниците на моделите од највисоката класа добиваат три години на надградби на системот, како и четири години на безбедносни надградби.

Од идната година, ваквите модели добиваат една дополнителна година, односно четири години на надградба на OxygenOS и пет години безбедносни надградби.

Со ова OnePlus ги надминуваат Google и нивните Pixel уреди, а доаѓаат на ниво на Samsung кои на своите корисници им овозможуваат најмногу надградби.

Од компанијата немаат објавено за кои модели се однесува продолжувањето на поддршката, но може да се претпостави дека тоа нема да биде за сите.

Поскапите модели е логично да имаат подолга поддршка, а во главно поради подобриот хардвер кој може да „издржи“ повеќе години.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаГенетски модификувано растение овозможува прочистување на воздухот во домовите
Следна статијаНајновата помала надградба на Windows 11 ја донесува Windows Spotlight темата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.