Microsoft оваа недела ја пушти најверојатно последната надградба за Windows 11 за оваа година, а истата донесе две помали новини кои сепак вреди да се истакнат.

Првата новина е поврзана со изгледот на системот, односно со Personalize делот во Settings. Корисниците, кои веќе ја имаа можноста да ја изберат Windows Spotlight функцијата, сега истата можат да ја изберат како посебна тема.

Со ова Windows Spotlight станува подиректно достапна и корисниците можат полесно да ја најдат и да ја вклучат.

Оваа функција во основа ги „влече“ дневните слики кои се појавуваат на Bing пребарувачот од Microsoft, кои одамна се популарни кај корисниците. Секој ден Windows Spotlight ќе ја менува позадината на компјутерот со нова, па покрај тоа што се добива можност за гледање на интересни слики, компјутерот никогаш нема да биде ист и „здодевен“.

Втората новина е поврзана со OneDrive, кој веќе е интегриран во Windows 11, во File Explorer со поновите верзии, а веќе подолг период во Settings од системот. Корисниците сега ќе добиваат известување на главната страна од Settings кога се ближат до лимитот на нивниот простор.

Корисниците исто така преку Settings можат да го прилагодуваат својот OneDrive простор и да купат повеќе доколку им е потребен.

Со оваа надградба се добива подобар и подетален преглед на состојбата на просторот на OneDrive преку Accounts делот во Settings. Во овој дел ќе може да се види просторот кој го зафаќаат датотеките во OneDrive, како и имејл датотеките кои од идната година ќе почнат да се бројат како дел од вкупниот простор на овој сервис.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаOnePlus телефоните од идната година ќе имаат подолг период на поддршка
Следна статијаНеофицијални резултати од тест на M2 Max ги откриваат можните перформанси на чипот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.