Парискиот стартап Neoplants на пазарот го претстави првото специјално развиено растение кое треба да го однесе прочистувањето на воздухот во домовите на наредно ниво.

Веќе е познато дека растенијата во домот се добри за воздухот, па покрај тоа што тие го собираат јаглеродниот диоксид, тие можат да соберат и по некоја од несаканите честички кои се стандардно достапни во просториите.

Neoplants, преку нивното Neo P1 растение, сакаат да ја зголемат способноста на растенијата преку генетско модификување. Од компанијата се решиле за потешкиот пат, па наместо да искористат некое од растенијата чии геноми се мапирани, тие се имаат решено самите да ја завршат работата од почеток.

Избрано е растението „ѓаволски бршлен“, не се разбираме во растенија, но ова е името кое можевме да го најдеме со мало истражување на интернет. Работата на геномот на ова растение, заедно со геномот на неговиот корен, траела четири години.

Резултатот е растение кое успева да ја заврши работата на 30 растенија во домот според успешноста во собирањето на штетните честички кои нема кој дом ги нема.

Генетскиот инженеринг има направено не само да се зголеми ефикасноста на собирање на честичките, туку воопшто во можноста да се прави истото, како и што се случува со тие честички подоцна. Наместо да остануваат на растението, од компанијата тврдат дека тие се претвораат во вода, шеќери, амино киселини и кислород.

Инаку, честичките за кои се говори не се тие кои обично ги добиваме од надвор, во нашата земја во зимскиот период. Се работи за таканаречените „VOC“ честички кои можеби ги имате забележано на упатствата на прочистувачите на воздух за домовите.

Овие честички, односно „Volitile Organic Compounds“, се емитуваат од растворувачите и лаковите кои се користат во повеќето мебели, текстил, како и средствата за чистење и лична хигиена.

Neoplatns Neo P1 може да се види дека е замислено да замени повеќе растенија во домот, а корисниците за цената едно и би можеле во главно да купат. Растението чини 179 долари, па јасно е дека не секој би сакал да го купи.

ИЗВОРInverse
Претходна статијаМаск објави дека од Apple се заканиле со тргање на Twitter од App Store
Следна статијаOnePlus телефоните од идната година ќе имаат подолг период на поддршка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.