Сите корисници кои што го чекаа овој месец за да го надградат својот Windows Phone на Windows 10 Mobile, сепак ќе треба да почекаат уште малку подолго. Microsoft официјално најави дека надградбата ќе почнат да ја пуштаат во некој период од овој месец, меѓутоа како што можат да видат и повеќето корисници, тоа не почна да се случува.

Корисниците на Windows 10 Mobile Insider Preview можат исто така да видат дека оперативниот систем не беше баш спремен за масовно пуштање до пред една, можеби две верзии. Моментално достапната тест верзија работи скоро без проблеми, во нашиот случај без никакви проблеми, меѓутоа првата добра верзија не може да биде пуштена официјално без период на тестирање.

Од компанијата сега официјално известија дека надградбата ќе може да се очекува на почетокот од идната година, а сите нестрпливи корисници би им препорачале слободно да ја инсталираат Insider верзијата која што веќе е доволно стабилна, а и доаѓа прединсталирана со новите Lumia 950 модели.

Овој ноември го претставивме Windows 10 на телефоните вклучувајќи целосно нови функции како што се Continuum и универзалните апликации со претставувањето на Lumia 950 и 950 XL. Надградбата на Windows 10 Mobile ќе почне да станува достапна рано идната година за одредени постојни Windows 8 и 8.1 телефони.

Иако повеќето корисници на некој од Lumia уредите може да очекуваат дека нивниот уред ќе ја добие надградбата, сепак неколку послаби модели ќе бидат исклучени. Поточно, надградбата бара минимум 8 GB простор за складирање, па некои од уредите, како 530-ката на пример, нема да може да ја добијат најновата верзија.

Извор: The Verge, Thurrott, Windows Central

Претходна статијаНаучници работат на против експлозивен заштитен материјал за авионите
Следна статијаСмартпортал неделник 14 – 20 декември 2015
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.