Фото: Carlos Guerra

Без разлика на информациите за тоа дали iPhone X има доволно голема бројка на продажба, сепак сите мора да се сложиме дека се работи за одличен уред кој покажува какви ќе бидат телефоните во наредните неколку години.

Екранот којшто нема рамка ниту од страните, ниту на горната и долната страна е еден од најубавите екрани на пазарот, а може слободно да се каже дека единствено Samsung успева да конкурира со своите исто така скапи модели.

Според неофицијални информации, Apple планира да ги „унапреди“ моделите од новата генерација на iPad таблет компјутерот којшто исто како iPhone X, во компаниските документи се нарекува modern iPad.

Она што се очекува да биде воведено кај новите iPad-и е одличниот екран од iPhone X, којшто веруваме дека ќе изгледа уште подобро во поголем формат. Најмногу ќе направи разлика големиот екран во тргање од преден план на горниот исечок којшто го има за поставување на камерата и другите сензори.

Покрај екранот, очекувано, треба да биде воведен и Face ID системот за отклучување на уредот со скенирање на лицето на корисникот. Овој систем на Apple беше предмет на доста пофалби, но и критики, па останува да поминат неколку генерации за негово усовршување.

Извор: TechnoBuffalo

Претходна статијаGoogle Chrome 64 ја воведе можноста за целосно блокирање на страните кои автоматски пуштаат звук
Следна статијаЕлектричниот камион на Tesla виден на комерцијален пат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.