iPhone X беше одговорот на Apple на огромната популарност на смартфоните од Samsung кои доаѓаат со одличниот „бескраен екран“ без рамки од страните. Поточно, тој е директна конкуренција со Note 8 од Samsung, а тоа најдобро може да се види од цената на двата уреди која ја поминува границата од 1.000 долари.

Иако истражувањата покажуваат дека iPhone X е означен со највисоки оценки од неговите корисници, сепак изгледа дека бројката на нарачки за уредот е помала од тоа што се очекувало.

Според Ming-Chi Kuo, аналитичарот од KGI Securities, познат по точните информации поврзани со производите од Apple, од компанијата планираат откажување на производството на iPhone X по претставување на неговиот наследник.

Послабата продажба на iPhone X се должи во главно на послабиот интерес за уредот во Кина, каде конкуренцијата во категоријата е доста повеќе популарна.

Инаку, за оваа година се очекува претставување на 3 нови модели од iPhone кои треба да го продолжат дизајнот на X. Кога ќе се земе во предвид трендот на другите смартфони, не е воопшто чудно да и Apple сите свои модели почне да ги прави без или многу помала рамка на екранот.

Извор: Forbes, AppleInsider

Претходна статијаFlixable: Полесно пребарување на содржината на Netflix
Следна статијаLG патентира два дизајни на смартфон со екран што се превиткува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.