Фото: Apple

Иако имаше шпекулации уште од минатата година, Apple до некаде ги изненади корисниците, па наместо доста поевтиниот iPhone SE 4, го претстави новиот iPhone 16e кој доаѓа со не толку пониска цена од останатите телефони од компанијата. 

Сепак, повисоката цена во споредба со iPhone SE серијата е оправдана, па наместо доста застарен дизајн, мали димензии, iPhone 16e доаѓа со изглед и карактеристики соодветни на бројката во името. 

Секако, одредени функции и карактеристики не се дел од телефонот, како на пример уште една камера на задната страна или MagSafe магнет, но сепак за разлика од SE, овој телефон се очекува дека ќе привлече доста повеќе корисници. 

Според анализа од CIRP истражувачката компанија, Apple планира редовно да ја надградува новата „е“ серија, исто како и другите модели. Ова привлекува внимание поради фактот што SE серијата не добиваше нова верзија секоја година, па досега беа претставени само три уреди. 

„Изгледа дека „e“ телефоните можеби ќе бидат дел од програмата во иднина. По лансирањето на основните модели на iPhone 17 во септември, очекуваме Apple да го најави iPhone 17e во овој период следната година. Тоа би било слично на начинот на кој Google ги претставува своите „a“ модели во серијата Pixel, неколку месеци по пролетното лансирање на нивните водечки и Pro модели во изминатите години.“ – истакнуваат од CIRP. 

Доколку ова предвидување се покаже како точно, можеме секој февруари во годината да очекуваме нов поевтин телефон од Apple, а тоа дефинитивно може да направи разлика на пазарот, посебно во однос на претставувањето на нови телефони од конкурентите. 

Еден клучен фактор се смета како одлучувачки во тоа дали Apple ќе ја задржи „е“ серијата, а тоа е како ќе се продава iPhone 16e. CIRP очекуваат телефонот добро да се покаже, но ќе видиме по почетокот на достапноста од утре, односно 28 февруари. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаАкционерите на Apple гласаа против укинување на DEI програмата во компанијата, а Трамп јавно ги искритикува за истото
Следна статијаAnthropic го претстави Claude 3.7 Sonnet јазичниот модел кој доаѓа со можност да „размисли“ пред да одговори
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.