Фото: Shutterstock.com

Anthropic, уште една од познатите компании кои имаат одлични јазични модели на пазарот на генеративна вештачка интелигенција, го претстави својот најнов модел, Claude 3.7 Sonnet. 

Очекувано, од компанијата овој модел го нарекуваат најинтелигентниот модел досега, а исто така и првиот хибриден модел на пазарот. За делот за интелигенција ќе покажат тестирањата, а уште поважно, практичните искуства. 

Хибридниот дел од најавата е нешто што е главната карактеристика на Claude 3.7 Sonnet и функционира поразлично од конкурентите. За разлика од јазичните модели од другите компании, новата способност за расудување, односно размислување пред давање на одговорот, е дел од овој јазичен модел, па од компанијата не користат повеќе модели за да можат да ја овозможат оваа функција. 

Поради тоа Claude 3.7 Sonnet е наречен хибриден модел, па корисниците можат да го користат во стандарден режим и да добијат доста побрзи и поточни одговори во споредба со Claude 3.5 Sonnet или да го изберат режимот кој подразбира подолго размислување пред да се даде одговорот. 

Claude 3.7 Sonnet им е достапен на сите корисници, како и на програмерите преку API алатката. За корисниците кои плаќаат претплата достапен им е посебен режим наречен „продолжено размислување“ со што јазичниот модел ќе размисли уште подолго и ќе ги провери одговорите. Овој режим се истакнува дека е погоден за математички проблеми, проблеми во физиката, следење на насоки, програмирање и слично. 

За Claude 3.7 Sonnet се истакнува дека е посебно подобрен кога се во прашање способностите за програмирање, а посебно во делот за веб технологии, односно front-end development. 

Во тој контекст од компанијата го претставија и Claude Code, нов агент за програмирање кој се користи преку командна линија со што веднаш станува јасно и во кој правец може да се користи. 

Посебна корист ќе имаат програмерите кои работат на повеќе проекти, како и во тимови, па Claude Code ќе може да го проверува нивниот код, да открива грешки, да прави рефакторирање, а најважно од се, да ги испраќа измените преку git. 

ИЗВОРAnthropic
Претходна статијаНовата „e“ категорија на iPhone може да се очекува секоја година, доколку iPhone 16e доволно добро се продава
Следна статијаMicrosoft изгледа конечно ќе го згасне Skype во мај оваа година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.