Screenshot_2

Јапонскиот производител конечно ќе ја освежи “Z” линијата од високата класа, со нов паметен телефон кој најверојатно ќе се продава под “X” брендот, а го носи кодното име Sony Xperia F8331. Новиот модел ќе има поголем дисплеј (веројатно од 5,5-5,7 инчи) и конечно, целосно нов, подобрен дизајн.

Новиот дизајн е секако добредојден – актуелните модели на Sony и натаму изгледаат модерно и ексклузивно, но дизајнот на “Z” серијата е веќе неколку години на пазарот и кај купувачите стана досаден. Затоа, новиот модел ќе има заоблени краеви отстрана и рамни долен и горен дел, што прави делумно да потсетува на првите Nokia Lumia телефони. Сепак, индустрискиот изглед е вистинско освежување во класата и заедно со премиум материјалите од кои ќе биде изработен, овој телефон сигурно ќе привлече многу погледи.

xperia-tl

Од фотографиите може да се види и дека напред ќе има стерео звучници, што е секако добредојдено – денес скоро ниту еден модел од високата класа не е доволно добар за гледање видеа и играње игри, бидејќи звучниците се назад. Дисплејот веројатно е поголем од тој на актуелните модели – очекувано е да биде околу 5,5 инчи, но веројатно и натаму само со Full HD резолуција. Како и кај поголемиот дел од конкуренцијата, за полнење и префрлање податоци ќе се користи USB Type-C портата.

Screenshot_1

Интересно, според протечените информации, телефонот ќе може да снима 4K видео и со предната и со задната камера, што значи дека може да се очекува прилично голем број на мегапиксели и од двете. Останатите информации за новиот знаменосец на Sony не се познати, но очекувам да има Snapdragon 820/821 процесор со 4 GB рам меморија. Уредот би требал да биде претставен во септември.

sony-side

Извор: GSMArena, PhoneArena, PhoneDog

Претходна статијаSpaceX го направи своето второ успешно вертикално слетување на земја
Следна статијаSoftBank ја купи ARM за 32 милијарди долари