ARM-Cortex-A72

Јапонскиот телекомуникациски гигант SoftBank, кој кај нас и не е особено познат, ја купи британскита компанија „дизајнер“ на мобилни чипови ARM за фантастични 32 милијарди долари. Ова е едно од најголемите купувања на некоја компанија воопшто во сферата на технологијата и би можело да го забрза развојот на “internet of things” уредите.

Да потсетиме, ARM ги дизајнира, односно развива нови архитектури за (скоро) сите чипови кои ги имаме во нашите паметни телефони и таблети. Потоа, производителите на чипови ги користат нивните дизајни или пак прават свои дизајни на база на нивните. На пример, новото Kryo јадро во Snapdragon 820 чипот на Qualcomm е само делумно променет дизајн во однос на ARM Cortex, а истото важи и за чиповите на Apple.

Но, зошто SoftBank ја купи ARM? Поради тоа што сака да влезе во “internet of things” сегментот. Во иднина, контролата на сите уреди ќе оди преку интернет од паметниот телефон (или некој друг паметен уред), кој пак нормално ќе го овозможат телекомуникациските компании. SoftBank, бидејќи ќе го поседува ARM, ќе има голема контрола на овој сегмент, бидејќи токму британската компанија ќе биде задолжена за дизајн на чиповите за овие уреди.

Покрај тоа, од оваа аквизиција можеме да имаме бенефит и ние корисниците – ARM сега ќе има многу повеќе средства за развој на нови чипови, што значи дека можеме да очекуваме побрз напредок на ова поле. И без грижи – ARM двојно ќе го зголеми бројот на вработените во наредните пет години и ќе ги задржи истите канцеларии во Кембриџ, Велика Британија, за разлика од тоа како направи Microsoft по купувањето на Nokia на пример.

Извор: Venture Beat, CNET, PCWorld

Претходна статијаНовиот смартфон на Sony од високата класа покажан на протечени фотографии
Следна статијаHP конечно го лансира Elite X3 смартфонот од високата класа со Windows 10 за 699 долари

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.