Познатите и најчесто точни „протекувачи“ на информации веќе ни прикажаа неколку слики од идни модели на Galaxy линијата од Samsung, меѓутоа нема ништо подобро од тоа кога ќе видиме официјална информација, а посебно таква која иде во правец на неофицијалните.

Во правец на тоа што можевме да го видиме на неофицијалните слики оди патент кој Samsung го има поднесено до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД. Од сликите кои се достапни во самиот патент може да се види уред којшто скоро и да нема рамки околу екранот.

Ова е нешто што знаеме дека доаѓа од компанија како Samsung, само останува кој од идните модели ќе биде направен во таков стил.

Од сликите може да се види дека уредот замислен во патентот нема рамки од страните, како што е случајот со последните неколку модели од Galaxy S и Note серијата, а посебно последните. Се работи за веќе познатиот и одличен Infinity екран.

Она што е ново во патентот е скоро целосното намалување на рамките на горната и долната страна без притоа да се користи и исечок. Долната страна скоро и да нема рамка, а на горната страна се гледа минимална рамка колку да ги собере потребните сензори, а за камерата не сме сигурни, можно е да се користи некое решение како што е во случајот на Oppo Find X.

Исто така, се чини дека на задната страна не е присутен сензор за отпечатоци, што може да се заклучи дека Samsung кај овој вид на уред планира вградување на сензор под екранот на предната страна. Тоа е и повеќе од веројатно, со оглед на фактот што постојат неколку технологии за оваа намена, а тие веќе и доаѓаат до својата втора генерација.

Мала е веројатноста ваков дизајн да видиме кај Note 9 кој треба да биде претставен на почетокот од август, па сигурно тој останува за моделите од идната година, почнувајќи со Galaxy S10 или како и да биде наречен тој модел.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаОсумте на Оушн: Ист рецепт, лош резултат
Следна статијаВо Сан Франциско отворена првата сендвчичарница во која се прават свежи бургери од страна на автоматизиран систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.