HMD Global е компанијата која е „задолжена“ за продолжување на животот на одличните Nokia телефони. Тие оваа недела го претставија Nokia X5, кој за почеток ќе биде достапен на кинескиот пазар, а најверојатно подоцна ќе стане достапен и во целиот свет, но под друго име.

X5 е телефон од средната класа, а тоа може да се види и од неговите карактеристики. Доаѓа со 5,9 инчен екран со само HD+ резолуција, односно резолуција со 1520×720 пиксели, што значи дека на овој уред сигурно ќе може да се забележат пикселите при читање, а исто така, не е наменет за некое посебно искуство при гледање на видео содржина.

Форматот на уредот е во сега веќе стандардниот издолжен, а кај X5 е и нешто повеќе издолжен, со сооднос од 19:9.

Главната карактеристика која веднаш ќе се забележи кај овој уред е исечокот на горниот дел од екранот, нешто што стана тренд по iPhone X. Долниот дел од екранот има не толку мала рамка, па исечокот на горниот дел е тука изгледа само за да биде направен во стил којшто потсетува на iPhone X, а сепак тоа е голема предност за кинескиот пазар.

Процесорот на X5 е од MediaTek, моделот е Helio P60, а достапен е и избор од 3 и 4 GB RAM меморија, како и 32 и 64 GB простор за податоци. Батеријата на уредот е со капацитет од 3.060 mAh, што е доволно со оглед на процесорот и резолуцијата на екранот.

На задниот дел од телефонот е поставена двојна камера со 13 + 5 мегапиксели, а под неа е поставен и сензор за отпечатоци. Селфи камерата, односно предната камера е со сензор од 8 мегапиксели.

Цената по која што ќе се продава овој уред во Кина изнесува околу 150 долари, што е соодветно со карактеристиките и класата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаGalaxy S9 има поголема брзина на симнување од iPhone X, истакнува најновата реклама на Samsung
Следна статијаSamsung ќе продолжи да го користи својот Tizen OS во новата генерација на паметни часовници под Galaxy брендот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.