За повеќето популарни смартфони има неофицијални информации пред нивното претставување, но тие се обично во форма на слики и карактеристики. Во случајот со Pixel од Google работите одат чекор подалеку, па веќе неколку пати можевме да ги видиме уредите „оставени“ некаде или да видиме видео од како некој ги има без да се знае како успеал да дојде до нив.

Google Pixel 7, кој Google го најави на годинешната I/O конференција, беше на кратко достапен во продажба на eBay за 450 долари. Иако објавата уште е достапна, сепак телефонот веќе не може да биде купен.

Од информациите на eBay може да се види дека телефонот се продава од Тексас, САД.

При објавата на телефонот достапни беа неколку слики, а интересно на едната од нив во отсјајот од задниот дел се гледа телефонот кој се користи за сликање кој личи на Pixel 7 Pro моделот.

Сликите не откриваат нешто посебно ново за телефоните, освен тоа дека Google недоволно ги заштитува новите телефони или намерно ги овозможува ваквите ситуации како дел од „маркетинг“ потег.

Има уште доста време додека овие телефони станат официјално достапни, Google обично одржува настан во октомври, а во меѓувреме ќе видиме доста официјални и неофицијални информации.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMicrosoft ги прогласи најдобрите апликации во Microsoft Store на Windows
Следна статијаФаворит Електроникс со нова кампања „Старо за ново“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.