Screenshot 2014-09-02 11.57.45

Како што знаете, iPhone 6 треба да биде претставен за точно една недела, односно на 9-ти Септември. Иако неговото претставување не е официјално најавено, Apple почна да испраќа покани за настан на овој ден, што е доволно за да се очекува новиот модел.

Неофицијални информации, слики и видеа излегуваат секојдневно, па би можеле да кажеме дека е добро што остануваат уште недела дена, по што конечно ќе го видиме најновиот модел од Apple, нешто што секогаш привлекува големо внимание. Бројот на неофицијални информации е голем, па ние ги избираме оние кои што сметаме дека се поинтересни и вреди да бидат објавени.

Денеска достапно е видео направено од страна на Rozetked руски сопственик на YouTube канал. Во видеото, кое што мора да се нагласи дека е со одличен квалитет, тој претставува iPhone 6 кој што наводно е направен од собрани делови кои што станаа достапни од разни места. Моделот кој што го прикажува изгледа дека е помалиот од двата очекувани модели, односно моделот со големина на екранот од 4,7 инчи.

На видеото се гледаат сите карактеристики кои што и до сега беа протекувани на интернет. Една од најинтересните работи, барем кога се работи за дизајнот, е менувањето на стилот и применувањето на стилот кој што се користи кај iPod и iPad mini. Ова сигурно ќе привлече доста внимание поради популарноста на овој дизајн кај корисниците.

Во продолжение можете да го погледнете видеото кое што е на руски, меѓутоа има и превод на англиски.

Извор: Ubergizmo, 9to5Mac

Претходна статијаMicrosoft China по грешка го најави Windows 9
Следна статијаWindows Phone 8.1 GDR 2 достапен за програмерите од Октомври, вклучува неколку новини
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.