apple-invite-2014

Веќе одреден период се шпекулираше, а денеска Apple ги потврди тие информации испраќајќи покани за настан кој што ќе се одржи на 9-ти Септември. Со оглед дека информациите доаѓаа од доста страни, како и праксата на компанијата од претходните години, немаше сомневање дека настанот навистина ќе се одржи на оваа дата.

Сепак од компанијата не откриваат ништо во поканата, дури овој пат нема ни мал дел кој што треба да асоцира на тоа што ќе биде претставено. Поканата е едноставна и како што можете да видите таа само ја содржи датата на настанот, како и изјавата „Би сакале да можеме да кажеме повеќе“.

На овој настан како што повеќе од вас веќе знаете, се очекува да биде претставена наредната генерација од iPhone телефонот, односно iPhone 6 за кој што се верува дека ќе вклучува поголем екран. Се очекува претставување повторно на два модели, од кои што едниот треба да има 4,7 инчен екран, а другиот 5,5. Според информациите, можно е претставување само на едниот модел, по што во месеците што следат би бил претставен другиот.

Покрај очекувањата за iPhone со поголем екран, нешто што станува се повеќе популарно кај корисниците, се најавува и можноста од Apple да претстават и паметен часовник. Со оглед на фактот што е за тоа веќе одреден период се шпекулира, како и кога ќе се земе популарноста на овие уреди кои што доста од нив ќе бидат претставени во Септември од другите производители, може да се каже дека можноста и Apple тоа да го направи не е мала.

Сепак од компанијата не сакаат да знаеме ништо повеќе во оваа фаза, па останува да видиме што ќе биде претставено за нешто помалку од две недели.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаДва уреда во едно пакување, Dell Inspirion 11 3000
Следна статијаGoogle Chrome beta доби поддршка за гостински режим и 64-битна поддршка за OS X
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.