Dell Inspiron 11 3000 Series 2 in 1

На пазарот има се поголем избор кога се зборува за хибридни лаптопи. Концептот на лаптоп и таблет во едно пакување е се попопуларен како кај производителите така и кај потрошувачите. Гигантот Dell не заостанува зад конкуренцијата со својот адут Inspirion 11 3000. Овој уред покрај тоа што има солиден дизајн и тастатура која се превртува 360 степени, во себе има батерија која трае 7.5 часа.

Совршено за оние што сакаат да направат нешто повеќе со својот лаптоп или пак да го превртат како таблет и да уживаат во некоја книга или стрип. Уредот тежи 1,3 килограми и е за нијанса потежок од Yoga на Lenovo.

Во себе содржи четиријадрен процесор на Intel, 4 GB RAM и работи на оперативниот систем Windows 8.1. IPS екранот на допир е со големина од 11,6 инчи со резолуција од 1,366 на 768 пиксели сето ова помогнато од графичка исто така од Intel.

maxresdefault

Сите оние што постојано слушаат музика или гледаат филмови ќе бидат пријатно изненадени од фактот што има посебно копче за гласност одлика на овие хибриди бидејќи на повеќето традиционални лаптопи за оваа опција треба да се направат повеќе команди на тастатурата.

Фактот што работи на Windows 8.1 дава низа предности за оние постојани корисници на овој оперативен систем како и новитетите што ги нуди.

За прифатлива сума од 500 долари Inspiron 11 3000 служи и како лаптоп и таблет. Слободно може да се каже дека ќе ги задоволи сите ваши потреби со најдоброто од два света.

Претходна статијаLG официјално го покажа новиот G Watch R паметен часовник со кружен екран
Следна статијаApple почна да испраќа покани за настан на 9-ти Септември