Motorola брендот беше продаден на Lenovo од страна на Google пред 5 години. Овој бренд продолжи да функционира и да се развива, а во текот на годините стана познат по претставувањето на нестандардни уреди, како на пример тие со можност за додавање на различни модули кои ја прошируваат работата на телефонот.

Сепак, телефоните од Motorola одреден период не се обидуваат многу да конкурираат во највисоката класа, а тоа не е ни чудно, кога ќе се земе во предвид дека оваа класа ја држат неколку производители е тешко некој успева да им се приближи.

Според информации кои повеќе пати излегуваат, а сега и од познатиот Еван Блас, Motorola спрема уред којшто ќе вклучува и пенклаце. Со оглед на тоа дека информации за карактеристиките за уредот нема, останува само да се претпостави дека тој би бил од повисоката класа, најмногу поради споредбата со Galaxy Note серијата од Samsung.

Иако ова не е доволно за да се заклучи дека уредот ќе биде од повисоката класа, сепак информациите кои од време на време излегуваат говорат во тој правец. Еван Блас истакнува дека името на уредот треба да биде Motorola Edge+.

Од сликата која ја објави Блас, се гледа уред без исечок на горната страна за камерата, која е поставена во мала дупка на левата страна од екранот. Рамките се доста мали, па се гледа дека се работи за телефон направен според најновите трендови.

Motorola ја претстави и ќе почне да ја продава модерната верзија од познатиот RAZR, сега со екран кој се превиткува и повторно се добива „флип“ уред. Иако се работи за доста револуционерен производ, тој сепак нема карактеристики од највисоката класа.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаКонечно ја догледав Силициумска Долина
Следна статијаНов нуклеарен реактор ја најавува можноста за враќање на популарноста на нуклеарните централи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.