Можноста за поврзување на смартфоните со монитор и со тоа менување на корисничкиот интерфејс во десктоп формат е вградено како можност во Android, а тука е и познатата DeX функција од Samsung. Сепак, оваа можност не покажува знаци дека е нешто посебно многу и често користена од страна на корисниците, но со подобрувањето на перформансите на процесорите, тоа може да биде случајот во иднина.

За време на презентацијата на новиот Snapdragon 888, Motorola најави дека планира да воведе една ваква функција кај своите нови модели во иднина. Тие планираат да отидат и чекор подалеку, па покрај тоа што корисниците ќе добијат десктоп режим, достапен ќе биде и ТВ режим.

Ова е одлична замисла од Motorola преку која на своите корисници ќе им овозможи да ги користат своите мобилни телефони за повеќе активности.

Па така, со ТВ режимот корисниците ќе можат да го направат паметен својот телевизор и преку посебно прилагоден кориснички интерфејс да ги користат апликациите за стриминг на видео содржина. Исто така, овој режим ќе овозможи и играње на игри со што телефонот ќе може да се користи како мобилна конзола за играње на игри.

Десктоп режимот веќе го имаме видено преку DeX од Samsung. Кога телефонот ќе се поврзе со надворешен екран, наместо едноставно пресликување на сликата од телефонот, се прикажува посебен кориснички интерфејс кој наликува на десктоп оперативните системи. Тоа значи дека корисниците ќе добијат долна лента со апликации, како и можност за користење на апликации во посебни прозори, наместо на целиот екран.

Останува само да видиме која серија од Moto телефоните ќе добие ваква можност, а и какви уреди од високата класа може да ги очекуваме од оваа компанија.

Најавата на новите функции можете да ја погледнете на следното видео.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаА1 Game Fest со финале на 19 и 20 декември
Следна статијаQulcomm го претстави Snapdragon 888 5G чипот на кого ќе работат најдобрите смартфони во 2021
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.