Evan Blass

Motorola брендот кој веќе одамна е во сопственост на Lenovo изминатите години стана познат по претставување на одлични телефони, но од средната и ниската класа. Состојбата на пазарот ја прави оваа одлука разбирлива, односно веќе неколку години никој не успева да им се доближи на првите три места кои ги држат Samsung, Huawei и Apple.

Сепак, на пазарот му се потребни повеќе „играчи“ кои не мора да го освојат првото место, но сепак да понудат доволно добри алтернативи.

Motorola преку својот Twitter профил најави претставување на телефон од високата класа, слободно може да се каже конечно, а настанот ќе биде само онлајн, разбирливо со оглед на состојбата во светот поради COVID-19.

Настанот ќе се одржи на 22-ри април, а ќе може да се следи со почеток од 18:00 часот според македонско време.

Од многу краткото видео кое е објавено во најавата се гледа екран со доста голема заобленост од страните, нешто што веќе одреден период е дел од неофицијалните информации кои излегуваат. Тоа ни кажува што може да се очекува, а според информациите, тоа ќе бидат два модели Edge+ и Edge.

Главната карактеристика на овие телефони ќе биде големото заоблување од страните кое ќе направи да телефонот нема воопшто рамки од страните. Според неофицијалните слики, рамките и на горната и долната страна ќе бидат исто така мали, со што може да се очекува модерен телефон.

Информациите исто така најавуваат дека Edge+ ќе работи на Snapdragon 865 и ќе има 8 или 12GB RAM меморија, како и голема батерија со капацитет од 5.000 mAh. Екранот треба да биде со големина од 6,7 инчи, а на задната страна се најавуваат 3 камери од кои едната со 108 мегапиксели.

За вториот модел се најавуваат нешто послаби карактеристики, па тој модел најверојатно ќе биде од средно високата класа, а со тоа сигурно и повеќе пристапна цена.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMicrosoft Edge 81 ја донесува Collections функцијата и уште неколку други новини
Следна статијаСтранските медиуми ја прогласија Samsung QLED 2020 серијата на телевизори најдобра во класата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.