Покрај телефоните од високата класа, кои треба да го означат доаѓањето на Windows 10 Mobile, Microsoft ќе лансира и уште четири други модели, кои веројатно ќе ги пополнат местата во средната класа и во најевтиниот сегмент.
Кодните имиња на телефоните ќе бидат Cuilin, Honjo, Saana и Saimaa, но кога ќе бидат официјално лансирано, со сигурност ќе носат нумерички ознаки, како и сите Lumia модели досега. Информацијата е од познатиот твитер профил на Evan Blass, од кого најчесто протекуваат ваквите информации.
Повеќе информации за овие модели засега нема, но според тоа кои модели треба да бидат заменети, моите очекувања се следниве:
• Наследник на Lumia 1020, според многумина телефонот со најдобра камера и покрај тоа што е скоро три години стар. Очекувам подобрен сензор со 40+ мегапиксели и многу подобра обработка на фотографиите од вграденот софтвер.
• Наследник на Lumia 830 со помоќен процесор (Snapdragon 615) и PureView камера
• Наследник на Lumia 735 со помоќен процесор (Snapdragon 410) и екран со повисока резолуција, односно понапреден дизајн
Четвртиот најавен модел би можел да биде изненадување, особено поради тоа што веќе подолго време немаме видено нешто такво од Microsoft.
Да потсетам, сите нови модели на Microsoft отсега ќе имаат вграден Windows 10, кој ќе донесе многу нови можности, како на пример можност за директно префрлање на Android и iOS апликации (за дивелоперите) и Continuum можност кој помоќните телефони, која ќе ви овозможи работење на вашиот телефон на голем екран, со целосно десктоп опкружување.
Извор: Ubergizmo, Techno Buffalo