Nothing својот прв смартфон, Phone (1), треба официјално да го претстави на 12 јули. Поради големите очекувања кои доаѓаат од најавата од страна на основачот Карл Пеи, добро е што го видовме барем дел од телефонот, па можеме да имаме подобра претстава што да очекуваме.

Телефонот беше прикажан минатата недела кога Nothing и StockX најавија дека ќе им овозможат на 100 луѓе да предвреме нарачаат свој Phone (1) преку процес на наддавање кој започна на 21 јуни и ќе трае два дена до 23 јуни.

Како што се очекуваше, задната страна на Phone (1) е проѕирна, барем делумно, односно не се гледаат сите компоненти на телефонот, но не е стандардно направен како останатите телефони. Исто така мора да се забележи дека од страните телефонот доста потсетува на дизајнот на iPhone, но тоа е добра работа поради која добива и повеќе премиум изглед.

Познатиот Маркез Браунли доби еден примерок на тест, па ни го прикажува овој најавен за револуционерен телефон. Иако не се сложуваме со големите најави, сепак мора да се признае дека Nothing Phone (1) ќе се разликува од конкуренцијата.

Во видеото може да се види дека задниот дел од телефонот нема да биде само за „украс“ па лед деловите ќе може да се користат за различни известувања, а посебно интересен е делот кај полначот кој свети и покажува до каде е со полнењето на батеријата.

За жал Браунли нема добиено дозвола да го прикаже цел телефон, односно предниот дел и како изгледа софтверот, па само на кратко може да се види предната страна и дупката за камерата која е поставена лево на екранот.

Видеото можете да го погледнете во продолжение и на него може да се видат дел од уникатните функции кои ќе ги донесе Nothing Phone (1).

Претходна статијаРецензија Huawei Watch GT 3 Pro – Одлично изработен елегантен часовник со ретко добро траење на батеријата
Следна статијаРазладете ги летните денови со неверојатната промоција на Samsung фрижидерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.