Последниве две години, најдобриот смартфон во понудата на LG не е оној од G серијата, туку оној од V серијата. Затоа, логично е да се очекува дека новиот модел V30 ќе биде вистински моќен паметен телефон, со напреден дизајн кој само ќе го подобри она што го почна G6, кој иако солиден смартфон, беше целосно засенет од Galaxy S8 брзо по лансирањето на пазарот.
Овој телефон за кој пишуваме сега е дело на DBS Designing, кои само го замислуваат LG V30, што значи дека финалниот модел може да биде целосно различен.
Сепак, не може да се одолее на смартфон без рамка околу дисплејот и камери вградени во него, макар и да се работи за концепт. Дизајнерот го замислува дисплејот со големина од 5,8 инчи и Quad HD+ резолуција, нешто слично на оној во Galaxy S8.
Нормално, како и секој концепт и овој е опремен со супер моќни компоненти, како Snapdragon 835, 6 GB рам меморија и 128 GB простор со слот за micro SD картичка. Телефонот има и двојна камера позади, истата од G6, како и огромна батерија од 5.500 mAh, нешто што е реално тешко да се исполни. На крај, тој е опремен и со Android 8.0.
Сето ова се спецификации и дизајн кои дефинитивно го засенуваат и Galaxy S8, но кои тешко дека ќе се исполнат во V30. Секако, очекувајте дека V30 ќе биде извонреден смартфон кој сигурно ќе биде поконкурентен од G6, но толку напреден продукт е невозможен во моментов.
Извор: TechnoBuffalo, WCCFTech