iphone-6-isight-lens

Гигантот Apple за да постигне во борбата со своите конкуренти изгледа си направи големи проблеми особено со поголемиот брат на iPhone 6, iPhone 6 plus. Се насетува дека компанијата веќе некое време се бори со своите демони за да направи нешто ново, револуционерно и секогаш пред другите.

Меѓутоа она што го потиснува Apple на глобално ниво е големата палета на уреди што другите конкуренти ги вадат на месечно ниво. Компанијата од Cupertino го зазеде првото место за најдобра мобилна камера уште со iPhone 4. Со секоја нова генерација претставуваат нови напредни опции како што е случајот со брзиот “focus-pixel” автофокус и оптичка стабилизиација во последната генерација.

iphone-6-ios-8-cam-prob-head

Со претходните генерации никогаш немало волку голема дебата за квалитетот на фотографиите, самата камера, па дури и дизајнот, ова е особено изразено кај iPhone 6 Plus. Покрај новите напредни опции и првичните позитивни рецензии, се’ повеќе индивидуалци и медиуми пријавуваат проблеми кај новиот iPhone 6.

Она што најмногу им боде во очи на рецензентите особено е како камерата има недостатоци во боите на фотографијата. Во примерот на веб-страницата Tom’s Guide велат дека иако фотографиите изгледаат доста солидно, пријавуваат нерегуларности со осветлувањето поради што фотографиите имаат повеќе виолетова и магента боја од потребното.

iphone_6_and_6_plus_rear_camera_hero

Ова не е само случај со овој медиум и многу други веб-страници го пријавуваат истиот проблем кој е што според тестирањата излегува дека сепак е повеќе софтверски во новата верзија на iOS 8 отколку хардверски, проблем што Apple во овој период не смее да си го дозволи.

Секако тука не е само проблемот со камерата, Apple ќе ги замени свитканите iPhone 6 модели кои ќе треба да ја поминат Визуелната механичка инспекција, откако ја издадоа првата надградба за iOS 8, по што веднаш ја повлекоа поради пријавени проблеми.

Извор: VentureBeat

Претходна статијаНеофицијално: Android L достапен од 1-ви Неомври, а Nexus 9 во средината на Октомври
Следна статијаSteve Ballmer ќе ги замени iPad уредите кој што се користат во LA Clippers со Windows уреди