jupiter-io4

Досега дефинитивно сме наишле на многу луди и непотребни идеи, но оваа дефинитивно ги надминува сите – новиот Jupiter IO 4 смартфон има вградена електронска цигара! Да, отсега ќе можете да пушите и телефон, колку глупаво тоа и да звучи.

„Цигарата“ е инаку вградена во горниот дел на телефонот, каде можат да се стават најразлични кертриџи со избор на вкусови и јачина. За оние кои се уште не се убедени во електронските цигари – не, не може да се стави тутун во телефонот.

Screen-Shot-2016-01-11-at-16.22.21

Она што е поважно, вградена е апликација која ќе ви каже кој вкус моментално е ставен во телефонот и колку „дима“ имате да земете со останатата батерија. Нели, да не останете без цигара во оние моменти кога најмногу ви треба.

Останатите спецификации на телефонот и не се толку импресивни – на пример Android верзијата е веќе три години стариот KitKat 4.4. Jupiter нема објавено каков чип е вграден телефонот, а нема информација ниту за камерите. Битно кутијата во која доаѓа се вика “Groundbreaking Lightning Box”, иако лично не гледам ништо револуционерно во неа.

Screen-Shot-2016-01-11-at-16.22.44

Единствено се знае дека големината на дисплејот е 5,3 инчи и според тоа што може да се види на фотографиите, рамката околу него е особено голема, што значи дека веројатно нема да биде многу лесен за ракување. Jupiter IO4 ќе чини 499 долари, што се пари за кои може да се купи еден добар смартфон од високата класа.

Сепак, од Jupiter мислат дека токму нивниот производ ќе го смени начинот на кој ги користиме ваквите уреди – според нив наскоро ваквите телефони ќе се користат за внесување и на медикаменти и нутриција. Но, да бидеме реални, тоа нема да се случи и останува фактот дека ова е само еден чуден и непотребен производ.

Извор: The Next Web, Jupiter

Претходна статијаTesla претстави видео во коешто ја промовира нивната автопилот функција
Следна статијаLenovo K5 Note е моќен и супер евтин телефон за кинескиот пазар