Фото: Концепт за iPhone Air од DALL-E / ChatGPT

Apple, после повеќе години на скоро никакви промени, наводно во наредните неколку години ќе прави промени во дизајнот на iPhone, а сето тоа треба да заврши со дизајн кој од предната страна е само стакло, односно екран. 

Промените ќе започнат со iPhone 17 оваа година, со промена на дизајнот на задната страна, односно како што веќе повеќе пати можевме да видиме, модулот за камерите ќе биде поставен по целата ширина на уредот. 

Наредната година гласините викаат дека Apple ќе го постави системот за Face ID под екранот, па наместо „островот“, iPhone конечно ќе дојде на ниво со Android конкурентите и ќе има само една мала дупка за камерата. 

Сето ова треба да заврши во 2027 година со поставување и на камерата под екранот, по што iPhone веќе нема да има ништо освен екран на предната страна. 

Овие промени се во рамките на повеќе гласини кои ги читавме изминатите години, па мислам дека големи се шансите да се точни. 

Тоа значи дека за некоја година телефоните ќе почнат да изгледаат нешто повеќе во правецот на филмовите, односно ќе изгледаат како да се направени само од стакло и ништо друго. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаВашата приватност, заштитена: Како Knox Vault ве штити во ерата на вештачката интелигенција
Следна статија„Авенга академи“ ја лансираше LearnAI Lab: Идеално креирана програма за брза адаптација на ВИ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.