Фото: Џон Просер / fpt.

Ако ги земеме како точни не толку малиот број на гласини, можеме да очекуваме дека iPhone 17 Pro ќе донесе промена на изгледот, барем на задната страна, после повеќе години на истиот дизајн. 

Промената секако не се очекува дека ќе биде драстична, па се најавува дека камерите ќе бидат поставени во хоризонтална линија, со модул под нив, нешто слично на најновите Pixel телефони од Google. 

Во своето најново видео, Џон Просер, познат преку неговиот YouTube канал fpt., тврди дека го има видено новиот дизајн на iPhone 17 Pro и дека гласините се до некаде точни. 

Според него, точно е дека ќе има промена на изгледот и точно е дека модулот за камерите ќе биде поставен пошироко од сега, односно од едниот до другиот крај. Камерите сепак ќе останат на истата поставеност, а главна причина за тоа сигурно е можноста за снимање на „просторни“ видеа. 

Во видеото Просер продолжува со критики за оваа промена и истакнува дека Apple веќе не ги поставуваат трендовите на пазарот, туку ги следат. Оваа промена е минимална и не може да помине после толку години на продажба на истиот телефон. 

Видеото можете да го погледнете во продолжение. 

Претходна статијаНаредната генерација од поевтиниот Google Pixel ќе постави нов тренд на пазарот
Следна статијаПропадна спојувањето помеѓу Honda и Nissan кое требаше да започне со реализација оваа година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.