Неофицијални слики и информации објавени од страна на Android Headlines ја прикажуваат наредната генерација од поевтиниот Google Pixel, телефон кој од компанијата го претставуваат обично во пролет.
Доколку овие информации се покажат како точни, тие може да значат и започнување на нов тренд на пазарот на смартфони кои може да го видиме и кај поскапите модели.
Според информациите, Google Pixel 9a ќе дојде со скоро целосно рамен заден ден, односно телефонот наводно нема да има испакнување кај камерите. Ако го има, тоа ќе биде многу помало од сегашните кои се стандардни.
Иако не гледам никаква предност во тоа дали телефонот може да стои рамно на масата или не, сепак од аспект на дизајн ова може да биде одличен нов тренд.
За Google Pixel 9a се истакнува и дека ќе дојде со батерија со капацитет од 5.100 mAh, нешто што е повеќе и од телефоните од највисоката класа.
Подобрување кај батериите чекаме веќе со години, па можеби ќе почнеме да гледаме некаков напредок и на тој план.