Apple можеби „почека“ додека се реши да стави OLED екран кај iPad Pro уредите, но затоа кога тоа го направи, го направи во нивниот препознатлив стил. iPad Pro со М4 не дојде со обичен OLED екран, па истиот е направен со два OLED слоја и е наречен Tandem OLED. 

Ваквиот екран овозможува доста посилна светлина, нешто што е слабост на OLED екраните, а со тоа и поистакнати бои. Оваа предност се добива заедно со помала потрошувачка на енергија. 

Според извори од The Elec, Apple размислува оваа технологија да ја донесе и кај iPhone, со што телефонот би добил уште подобар екран од сегашниот. 

Наводно од компанијата за технологијата имаат разговарано со LG, кои се повеќе познати кога е во прашање Tandem OLED, но разговори имало и со Samsung. 

Како и да е, според информациите, доколку Apple се решат за вакво нешто, најрано што би можеле да го очекуваме е во 2028 година, што значи има време до тогаш и може да има доста промени во меѓувреме. 

iPhone изгледа не би ја добил баш истата технологија од iPad Pro, па Tandem OLED екранот би бил направен во поедноставена верзија која нема да ги дуплира сите пиксели, односно вториот слој би бил само за сината боја. Ова ќе ги донесе дел од предностите на технологијата, но со помала цена. 

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаProton ја прошири листата на производи со генератор на кодови за дво-факторска автентикација
Следна статијаSamsung One UI 8 Beta ќе биде достапен за повеќе уреди на Galaxy
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.