Фото: LG Display

LG Display првпат ја комерцијализира употребата на Tandem OLED панели уште во 2019 година, а тие тогаш беа користени од страна на производителите на автомобили. Сега од компанијата го најавија почетокот на масовното производство на првиот ваков панел за лаптоп компјутерите, па корисниците можат да очекуваат доста добри екрани кај нивните нови компјутери.

Tandem OLED, можеби како и за многу други работи, најмногу доби на популарност минатиот месец при презентацијата на новите iPad Pro со М4 чип од страна на Apple. Овие таблет компјутери доаѓаат со вакви панели, иако не е познато дали се произведени од LG Display или се работи за комбинација од компании.

Оваа технологија, како што кажува самото име, користи два слоја на OLED наместо еден, а тоа донесува доста големи предности. Tandem OLED панелите се потенки и полесни, овозможуваат подобри бои и светлина, а трошат и доста помалку енергија.

Новиот панел кој го промовира LG Display е со големина од 13 инчи и има резолуција од 2880 на 1800 пиксели, а ги задоволува 100% од стандардите за прецизност на боите од DCI-P3.

Овој панел е 40% потенок и 28% полесен од сегашните OLED панели за лаптоп компјутерите, а доаѓа и со сензори за допир, очекувано.

Засега не е познато во кои лаптоп компјутери може да се очекува овој панел, но од објавата може да се види дека може да се очекуваат кај новите и тенки ВИ лаптоп компјутери кои ќе бидат доста актуелни оваа година.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2LG Display
Претходна статијаЕдвард Сноуден го критикува назначувањето на поранешен NSA директор во одборот на директори на OpenAI
Следна статијаИтно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.