Apple конечно ќе направи поголеми промени во дизајнот на iPhone со новата 8-ка. Според најнови информации, ќе има промена и во користењето на материјалите – напред и назад смартфонот ќе биде изработен од стакло, додека нив ќе ги спојува рамка од челик кој не ‘рѓосува.

Ова е прилично голема промена, бидејќи во последните неколку генерации Apple редовно употребуваше алуминиум во iPhone-ите. Причината за тоа е веројатно што алуминиумот е полесен, но челикот има многу други предности. На пример, челикот може без проблем да го задржи површинскиот сјај и дури и посилни удари нема да се познаваат како гребаници или искривувања, нешто што е вистински проблем кај сите iPhone-и.

На овој начин, iPhone 8 ќе изгледа луксузно многу подолго од неговите претходници, а доказ за тоа се моделите iPhone 4 и 4S, кои имаат челична рамка која многу потешко се оштетува при удари од алуминиумските маски на последните неколку модели. Според тоа, iPhone 8 би можел да биде многу сличен на дизајнот на 4 и 4S, но сигурен сум со многу помала рамка околу дисплејот.

iPhone 8 веројатно ќе доаѓа во три различни изведби – две ќе бидат со стандарден LCD Retina дисплеј, додека најскапиот модел во понудата ќе има OLED дисплеј, кој веројатно ќе биде произведуван од Samsung.

Приличнпо голема вест е и што Apple со iPhone 8 веројатно ќе го напушти Foxconn, кој ги произведуваше сите модели досега. Наместо него, за производството ќе се грижи компанијата Jabil, која ќе ги прави челичните рамки.

Извор: The Next Web, Techno Buffalo, GSM Arena

Претходна статијаЗапочна гласањето за ‘NATIONAL PUBLIC CHAMPION’ при Европските бизнис награди 2016/2017
Следна статијаLG G6 ќе има супер висок 18:9 дисплеј со ултра висока резолуција?

1 КОМЕНТАР

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.