iphone-6-concept-nowhereelse-and-martin-hajek-003

Apple најверојатно ќе се врати на стаклото како материјал за изработка на својот најпопуларен производ, но тоа ќе се случи дури наредната година – 7-ката, која треба да биде претставена во септември, најверојатно ќе биде изработена од алуминиум, со многу сличен дизајн на актуелните модели.

Според информациите, Apple веќе се има договорено со Samsung за набавка на OLED дисплеи, кои ќе овозможат да се задржи ниската маса на смартфонот, како и помали, односно потенки димензии. Сѐ уште не е јасно каков ќе биде дизајнот, односно дали ќе има метална рамка како што беше случајот со iPhone 4 и 4Ѕ.

9247-747-4s-140514-l

Бидејќи моделот ќе има OLED дисплеј, не е многу тешко да се претпостави дека дисплејот може да биде и заоблен во некој дел, како на пример на страниците, слично на Edge серијата на Samsung. Сепак, бидејќи се работи за Apple, може да очекуваме и некој целосно нов дизајн, кој како и секогаш ќе се обиде да се издвои од толпата.

Токму тоа е и главната причина за промена на материјалите и изработката – скоро сите конкуренти, дури и оние од Кина веќе преминаа на алуминиумски куќишта и новите iPhone-и веќе не делуваат толку ексклузвино. Поточно, смартфони со најдобар дизајн во моментов веројатно се Galaxy S уредите од последните две генерации на Samsung.

Годинава, иако нема да видиме големи промени во дизајнот на iPhone 7, ќе има неколку важни подобрувања, како на пример двојната камера кај поголемиот Plus модел која ќе донесе своевиден оптички зум.

Извор: 9to5Mac, Mac Rumors, Apple Insider

Претходна статијаДизајнер од Хонг Конг создаде робот кој личи на Скарлет Јохансон
Следна статијаMicrosoft развива футрола за смартфон со вграден дисплеј