Се повеќе станува јасно дека технологијата за физичко препознавање ќе најде поширока комерцијална примена во периодот кој следува, па така во чекор со времето доаѓа и новиот iOS 11 кој ќе има опција за правење персонализирани емоџи.

Подетално, според информациите кои протекоа, за сега извесно е дека новиот софтвер на Apple ќе вклучува опција за правење персонализирани 3Д емоџи со помош на фацијалниот израз и гласот на корисникот. Некои веќе постоечки емоџи ќе можат да се стилизираат според поставеноста на очите, образите и устата.

Информациите доаѓаат непосредно пред промоцијата на новиот iPhone и откриваат детали поврзани со развојот на самиот телефон, како на пример моќната камера која ќе има способност да снима со квалитет од 4К, 60 фрејмови во секунда. Што се однесува до популарната забавена снимка, истата ќе биде возможно да се забележи со квалитет од 1080p, односно 240 фрејмови во секунда.

Меѓу другото, се потврдија гласините за „исчезнувањето“ на познатото „Home“ копче, како и напреднатиот систем за физичко препознавање.

Гласините откриваат детали за новитетите кои ќе ги поседува новиот модел на iPhone меѓутоа се задржуваат на физичкиот изглед на моделот како и моќноста на камерата и слично, додека за вистинските перформанси на уредот, заинтересираните ќе треба да ја почекаат самата промоција која ќе биде вечер.

Извори: Engadget, The Guardian

Претходна статијаXiaomi Mi Notebook Pro е моќен Windows 10 лаптоп со многу пониска цена од таа на конкурентите
Следна статија“Дипломираа” најмалите ИТ генијалци во Македониja