Фото: Apple

iPhone Pro моделите обично се разликуваат по големината на екранот и по некоја функција кај камерите, обично Pro Max добива нешто повеќе можности. 

За оваа година се најавува дека ваквите разлики нема да ги има, покрај екранот секако, но можно е најголемиот iPhone модел да добие поголемо зголемување на капацитетот на батеријата. 

Не е познато дали Apple планира од оваа година да почне да ги користи новите достапни технологии за батериите, кои веќе се користат од страна на кинеските производители или едноставно ќе ја зголеми дебелината на iPhone 17 Pro Max. 

Како и да е, според неофицијалните извори, овој модел треба да дојде со батерија со капацитет од 5.000 mAh, најголема батерија кај iPhone досега. 

За споредба, iPhone 16 Pro Max има батерија со капацитет од 4.676 mAh, па како за iPhone ова е доста добро зголемување на капацитетот. 

iPhone 17 Pro можно е исто така да добие подобрување кај батеријата, но тоа нема да биде на исто ниво со поголемиот модел, а можно е и задржување на капацитетот од ланскиот модел. 

Главната разлика кај батериите изгледа можеме да ја очекуваме од следната година кога и Apple ќе почне да ги користи силициумските батерии или некоја друга слична технологија која овозможува нешто поголем капацитет на ист простор. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаTikTok ќе претстави посебна верзија од апликацијата за корисниците во САД
Следна статијаЕлон Маск најави формирање на политичка партија по изгласувањето на „Големиот Убав Закон“ предложен од Доналд Трамп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.