Фото: Shutterstock.com

Со години веќе чекаме подобрување кај технологијата на батериите, па тоа не мора ни да биде толку екстремно. Денешните телефони трошат многу повеќе енергија, па јасно е зошто не може да се споредат со старите кои ги полневме еднаш до два пати неделно, а задоволни ќе бидеме мислам ако за почеток смартфоните можат да издржат барем два дена без потреба до полнење. 

Повеќе пати е пишувано за некоја нова технологија за батерии која треба да направи револуција, но затоа и престанавме да ги пренесуваме овие новини затоа што јасно е дека ништо од тоа, барем во догледно време. Сигурно еден ден ќе има батерии кои можат да издржат по цел месец сериозно користење, а и векот ќе им биде многу подолг. Дотогаш, го чекаме подобрувањето на технологијата за користењето на модерните уреди не биде толку „напорно“. 

Изгледа дека доволно големиот напредок веќе е тука, па може да се очекува повеќе очигледно подобрување веќе во наредните година до две. 

Главната новина кај батериите доаѓа од промената на материјалите кои се користат за чување и пренесување на енергијата. Кинеските производители веќе почнуваат да ги вградуваат новите батерии кои користат силициум наместо литиум, во комбинација со јаглерод. 

Според информациите овие батерии треба да бидат доразвиени во периодот што следи и почесто да се користат, а вакви или слични технологии веќе развиваат и Samsung и Apple. 

Доколку информациите се покажат како точни, можеме да очекуваме батерии со поголема густина, односно способност за чување на повеќе енергија на истиот простор, како и побрзо полнење. Со тоа во истата големина на уреди може да се очекуваат батерии со поголем капацитет, а со тоа и конечно уреди од највисоката класа кои можат да издржат неколку дена без потреба од полнење. 

Идната година се истакнува како таа кога можеме да ги очекуваме овие новини, па наводно iPhone 18 ќе донесе големо подобрување на овој план, па ќе видиме. 

ИЗВОРBGR
Претходна статијаГотовината се’ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачки
Следна статијаДали Samsung ќе претстави четврт и потенок модел заедно со Galaxy S25 серијата?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.