Shutterstock.com

Познатиот Минх-Чи Куо излезе со неколку нови информации поврзани со идните iPhone модели од Apple, кои доколку се покажат како точни како што очекуваме, ќе привлечат поголем број на нови корисници на овие телефони.

Според Куо, iPhone 13 повторно ќе дојде во четири варијанти, исто како и ланските iPhone 12 и тука нема да има некоја посебна новина, дури и кога е во прашање генералниот дизајн.

Сепак, една доста важна работа ќе биде променета, а тоа е големината на исечокот на екранот кој Apple никако не престанува да го користи. Според информациите, дури идната година може да се очекува iPhone со мала дупка само за камерата, додека дури во 2023 година може да очекуваме и iPhone кој ќе биде целиот само екран на предната страна.

Додека се чека на овие промени, добро е што од Apple најверојатно се имаат решено барем да го намалат исечокот кој кај помалите модели зафаќа доста голем дел од екранот.

Друга информација која доаѓа од Куо е дека двата Pro модели ќе имаат стапка на освежување од 120 херци. Оваа карактеристика се очекуваше дека ќе дојде со ланските модели, но тоа не се случи, па оваа година би требало да е сигурно.

Тие што имаат користено Android телефон со 120Hz екран, сигурно ќе мораат да се решат за некој од Pro моделите на iPhone 13, ако се решат да преминат на оваа платформа, затоа што искуството има покажано дека кога еднаш ќе се користи таков екран, после не е можно враќање „назад“.

Според Минг-Чи Куо, Apple планира и 5G верзија од iPhone SE која би била претставена во првата половина од идната година, а се најавува и iPhone се екран кој се превиткува, но тој би бил претставен дури во 2023. Овој уред наводно би имал 7,5 инчен екран.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаСо Live Rooms, Instagram го дуплира бројот на учесници во емитувањето на пренос во живо
Следна статијаБил Гејтс користи Android телефон и даде објаснување зошто
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.